Wednesday ,01 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-17 > Пионерското фудбалско дерби заврши со поделба на бодовите
Пионерското фудбалско дерби заврши со поделба на бодовите

Пионерското фудбалско дерби заврши со поделба на бодовите

Пионерите на Вардар и Шкендија ги поделија бодовите, на натпреварот од 14.коло во пионерската Супер лига. На теренот на Академијата, натпреварот после 90 минути игра заврши со нерешени 1:1.

Вардар: Ангелов, Ивановски, Љушев (К), Јакимовски, Таневски, Попов, Анчевски, Туша, Петровски, Јаневски, Хајдари.

1

Во првото полувреме не видовме ниту една голема шанса на двете страни. Одбраните на двете екипи беа претпазливи, па не дозволија закани кон нивниот гол. Иако Шкендија важеше за фаворит на овој натпревар, сепак вардарци одлично и тактички добро одиграа во првиот дел од натпреварот. Гостите од Тетово имаа два директни удари кон нашиот гол, кои не претставуваа опасност за Наум Ангелов. Ние се обидувавме да изненадиме во контра напади, но Шкендија играше внимателно и во дефанзивата. По првото полувреме резултатот беше оној почетниот 0:0.

2

Со измените кои беа направени на стартот од вториот дел, „живна“ нашата игра па вардарци можат да жалат што не стигнаа до победата на овој дерби дуел од пионерската супер лига. Иако противникот поведе и прв го отвори резултатот, момците на Гаге имаа неколку сериозни прилики за постигнување на гол. На стартот од вториот дел во игра ги видовме Ричков, Стојановски, Перковски и Ибраим. Токму Марио Ричков беше играчот кој после една наша акција упати центар шут од левата страна, на топката со глава во шеснаесетникот на Шкендија, стигна Попов Горазд кој биеше, но за малку не успева да го совлада противничкиот чувар на мрежата. Истиов играч се најде во уште една голема шанса, откако повторно Ричков нафрли топка, сепак немаше добра завршница. Во фудбалот важи правилото кога не ги користиш своите шанси, стигнува казна на спротивната страна, така беше и во случајот, кога Шкендија во својата прва сериозна прилика успеа да ја затресе нашата мрежа. После центар шут од десната страна, извиси нашата одбрана, па топката стигна до еден од гостинските играчи, на кој не му беше тешко од неколку метри да го совлада Ангелов за водство од 0:1.

3 4 5

И покрај негативата, вардарци не се откажаа од помислата да освојат бодови на овој дуел. После еден прекршок во противничкиот шеснаесетник, судијата покажа на белата точка. Левент Ибраим не успеа да реализира, односно голманот одбрани и исфрли во корнер. Во истата акција од корнер нафрли Ричков, највисок во скокот беше Кристијан Таневски кој го матира гостинскиот гол за израмнување на 1:1, за наша голема радост. Во последните десет минути не видовме големо возбудувањае, па дербито заврши со поделба на бодовите. Конечниот резултат гласеше 1:1.

Вардарци одиграа добар натпревар и без разлика што оваа генерација е ослабена со заминувањето на неколку играчи, денес прикажаа борбена игра и голема желба за надигрување. Тука се и момците кои беа дел од денешниот натпревар, а се генерација 2005, сите имаа придонес во овој резултат на крајот.