Македонската машка кошаркарска јуниорска репрезентација која ова лето ќе не претставува на Европското првенство, дивизија Б, в Скопје подготовките ги заврши со триумф. Тие на последниот дуел одигран во Спортскиот центар “Кале“ (голема сала) дојдоа до победа.
Последниот пријателски натпревар за овој подготвителен период избраниците на Панче Милевски го одиграа против Ирска на домашен терен и запишаа победа од 68-57 односно 19-11, 25-11, 15-16 и 9-19 по делници. Помеѓу стрелците повторно се запиша и играчот на црвено-црниот кошаркарски колектив Валмир Какруки.
На дуелот Андреј Јакимовски постигна 20 поени, десет имаше Темелковски. Поен помалку запиша капитенот Стојановски, осум поени реализира Миса, Панов – 7, Какруки запиша шест поени зад своето име додека Исајлоски и Здравевски придодадоа по четири поени.