Вардар нема да биде дел од Супер Глоуб турнирот во Доха, или неофицијалното светско ракометно првенство. Црвено-црните кои лани го освоија третото место совладувајќи ја екипата на Ал Сад, оваа година не добија вајлд карта за настап на истиот, а шанса за настап доби бундеслигашот, тимот на Фуксе Берлин. Токму германците се освојувачи на Супер глоуб турнирот во 2015 и 2016, додека минатата година загубија во финалето од екипата на Барселона.
Оваа година учесници од Европа ќе бидат Монпелје, како актуелен шампион на Европа, како и Барселона која минатата година победи на ова натпреварување и Фуксе Берлин. Претставник на домаќинот е Ал Сад, додека Ал Најма од Бахреин ќе ја претставува Азија. Хамамет од Тунис е тимот од Африка, додека Универзитетот Сиднеј е најдобриот тим од Океанија. Таубате од Бразил го затвора списокот како шампион на Пан-Америка.
Оваа година, Супер глоуб турнирот ќе се одигра во периодот од 16-19-ти октомври.