Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Кошарка > Вардарки триумфално на гостувањето кај “фенерџијата“ ЖКК Шкупи
Вардарки триумфално на гостувањето кај “фенерџијата“ ЖКК Шкупи

Вардарки триумфално на гостувањето кај “фенерџијата“ ЖКК Шкупи

Девојките на ЖКК Вардар во одложениот дуел од викендов против Шкупи в гости дојдоа до нова победа во Првата лига. Избраничките  на Жаклина Стојановска на мечот со “фенерџијата“ во лигата кој беше дуел од 9.коло дојдоа до победа со 43 поени разлика.

Црвено-црните дами во средбата со чаирчанки победија со резултат 34-77. Ова беше последен натпревар за нас оваа 2018 година, во следното и последно 10.коло ние сме слободни. Ќе презимиме како второпласирани на табелата во Прва лига. Остваривме осум победи во есенскиот дел и само еднаш бевме поразни во натпреварите од единствената женска сениорска конкуренција.