Како што веќе известивме пионерите на РК Вардар од петок до недела (21-23.декември) ќе бидат дел од меѓународен ракометен турнир кој ќе се игра во скопската населба Илинден. Тимот предводен од Зоран Петковски-Зенга и Никола Бисинов ќе се сретне со екипи од земјава и тимови од Босна и Херцеговина. Организатор на истиот кој е втор по ред е ракометната школа Илинден Вардар од истоимената населба, предводен од брачниот пар Дарко и Александра Јанев.
Веќе се познати нашите ривали во групата-А во генерацијата 2002/2003 и распоредот на мечеви кои ќе ги одиграме. Ние сме во група со екипите на РК Волково, РК Драчево, РК Шампион, РК Гостивар, ОРК Челинац (БиХ) и тимот на РК Алушовски против кој ќе го отвроиме дуелот во петок, наутро со почеток во 9-00 часот. Ова се распоредите на дуелите.