Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > Интервјуа > Зоран Петковски: Турнирите во Илинден и Белград ќе ни дадат појасна слика до каде сме и на што треба најмногу да работиме
Зоран Петковски: Турнирите во Илинден и Белград ќе ни дадат појасна слика до каде сме и на што треба најмногу да работиме

Зоран Петковски: Турнирите во Илинден и Белград ќе ни дадат појасна слика до каде сме и на што треба најмногу да работиме

Пионерите на ракометниот клуб Вардар го завршија есенскиот дел од сезоната на второто место во својата група. Генерацијата на ракометари родени 2004/05 година одигра шест натпревари на кои забележа пет победи и еден пораз. Ова е втора натпреварувачка сезона за оваа новоформирана селекција на ракометари на Вардар, кои полека треба да го покажуваат квалитетот кој го поседуваат. Како помина полусезоната може да прочитате е од основачот на оваа генерација и предводник од клупата, тоа е поранешниот голман на Вардар и Македонската репрезентација, се работи за Зоран Петковски-Зенга. 

-Есенскиот дел од сезоната е позитивен, каде завршивме со само еден пораз. Има напредок во екипата и во следниот период очекувам да настапуваме на повисоко ниво, како колективно така и индивидуално. Имаме желба и цел и не гледам причина зошто не би ја оствариле.

Ракометната игра не е едноставна, овој спорт бара мноту труд и вложување, според Петковски ова е осетлив период за оваа генерација на ракометари, само најупорните на крајот ќе успеат.

-Резултатите на оваа возраст се во втор план, но сепак натпреварувачкиот “дух„ мора да биде на највисоко ниво. Моторичките способности се различни кај играчите, некои созреваат прерано, на други треба да се внимава да не ги оптеретиме премногу, додека трети се во раст и.т.н. Ова е многу осетлива возраст на ракометари, па затоа на нас тренерите е многу одговорна работа. Не се само тренинзи, тактичка и физикална надградба, туку треба да се работи и на воспитување, психологија и создавање на работни навики. Секако дека постои и природна селекција, во која успеваат најотпорните и најупорните.

vardarfans-petkovski

До крајот на годината, пионерите на РК Вардар ќе бидат дел од два силни турнири. Првиот е во организација на РК Илинден, во периодот од 21-23-ти декември, додека вториот е на “Трофеј Белград„ во периодот од 27-29-ти декември.

-Причината зошто учествуваме на два силни турнири е едноставна. Имаме само шест натпревари во домашното првенство, што е премалку за амбициозна екипа како Вардар. Мора некако да компензираме па решивме да настапиме на овие два турнири, во Илинден и на “Трофеј Белград„ На првиот турнир во Илинден ќе се натпреваруваме во повозрасна категорија на ракометари родени 2002 година, додека во Белград одиме на турнир со нашата генерација родени 2004 година. Првиот турнир ни претставува увертира и воигрување пре меѓународниот турнир во Србија. По одигрување на турнирите ќе имаме појасна слика до каде сме и на што треба најмногу да работиме, истакна Петковски.

На  силниот меѓународен турнир во Белград, Вардар ќе биде во група со екипите на Рибница и Словенградец и двете од Словенија, потоа белградски Партизан и Вождовац.

Звонко Ивановски