Дружбата почна на паркингот пред ОУ „Љубен Лапе” од скопската населба Аеродром каде автобусот на екипата на Вардар ги пречека децата за да ги однесе во СЦ „Јане Сандански”. Детскиот џагор брзо ја исполни салата во спортскиот центар. Првачињата дојдоа подготвени да навиваат за своите домаќини, па капитенот на црвено-црните Стојанче Стоилов, левото крило Владо Недановски, голманот Марко Кизиќ и левиот бек Марко Мишевски ги поздравија со гласниот и еуфоричен поздрав:
„Јухи јухи јеееиј!”
Повеќето првпат влегоа во нашата сала, но и за првпат се запознаа со ракометот, па имаа и многу прашања за нашите ракометари. „Колку медали имате освоено?”, „Дали продолжувате да играте и кога ќе се удрат на натпревар?”, „Секој ден ли доаѓате да играте ракомет?”, „Што најмногу гледате на телевизија?”, „Кој ве кара најмногу?”, „Кога легнувате да спиете?”, „Зошто не правите смешки кога играте ракомет?”, а омилено прашање што го поставија трипати беше „Зошто сте толку сериозни кога играте?”.
Стоилов, кој се потруди да најде одговор на сите прашања, силно се насмеа кога едно од дечињата им забележа дека „кога вардарци ќе загубат натпревар, личи како да чадат од нерасположение”.
Дечињата шутираа и голови додека пред мрежата стоеше најмладиот вардаров голман Кизиќ. Една од активностите што најмногу и се допадна на Лина Атанасиева.
„Најмногу ми се допадна кога му дадов гол на голманот. Многу ми се допаѓа оваа посета и би сакала пак да дојдам. Ќе ги прашам мама и тато и да ме донесат и на натпревар на Вардар. Сега ми изгледа интересно и да тренирам ракомет, инаку тренирам хип хоп”, рече Лина.
Посетата продолжи во салата за прес – конференции, каде во улога на новинари дечињата поставија уште неколку прашања, а потоа отидоа во просторијата за видео проекции.
„Тука преку видео проекторот ги прегледуваме видеата од натпреварите на противниците и се подготвуваме за натпреварот со нив”, им објасни Стоилов.
Во фитнес центарот го поздравивме тренерот на Вардар Роберто Гарсија Парондо, а во аеробик центарот уживаа во лудориите со фитнес топките. Турата продолжи во малата сала во спортскиот центар. Особено интересно искуство за децата беше посетата на соблекувалната на Вардар, каде имаше шкафче за секој ракометар од тимот, а Стоилов им дозволи на децата на игра да го масираат на столот каде се рехабилитираат вардарци по натпревар од Лигата на шампионите и СЕХА Газпром лигата.

Наставничката Катерина Дунимаглоска Георгиоска се заблагодари за поканата да се дружат со ракометарите, како и за прекрасното искуство во нашиот спортски центар.
„Сметам дека од најмала возраст треба да се негуваат љубовта кон спорот. Ние имаме часови по спорт, но друго е кога од прво одделение ќе ги запознаеме со нашите спортисти и практично да видат каде ракометарите тренираат и што се случува. Гледаат на телевизија, но друго е кога тоа ќе го видат во светот на ракометарите”, рече наставничката Дунимаглоска Георгиоска.
Откако си разменивме поклони со децата, кои имаа подготвено специјален мотивациски постер со акронимот Вардар.
Вредни
Автентични
Работливи
Дарежливи
Активни
Рекреативни
До некоја друга слична дружба со дечињата си закажавме средба во сала на некои од нашите натпревари. Тие ќе навиваат за нас, а ние ќе победуваме за да ги радуваме.
Фото и Вест: РК Вардар