Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Кошарка > Кошарка: Вардарки триумфално низ Струга
Кошарка: Вардарки триумфално низ Струга

Кошарка: Вардарки триумфално низ Струга

Викендов на програмата беше 10.коло или првото пролетно во женската кошаркарска прва лига, во истото екипата на ЖКК Вардар гостуваше кај екипата на ЖКК Струга 2009 во истоимениот град. Нашите девојки на деби дуелот во новата календарска 2018 година забележаа победа над ривалот со петнаесет поена позитива.

Црвено-црните дами имаа контрола на натпреварот во текот на целиот негов тек, па по остварената предност по трите четвртини рутински ја одиграа последната. Победивме со петнаесет поени повеќе од домашниот тим, триумфот беше изразен со резултат 52-67 на крајот на дуелот. Со оваа победа се зацврстивме на втората позиција зад лидерот Бадел 1862, ние имаме освоено 14 бода досега во осум одиграни мечеви, односно целиот прв круг во единствената женска кошаркарска конкуренција во земјава.

Следен предизвик во идното 11-то коло (Прво од 2.круг) за нас е тимот на “фенерџијата“ во лигата екипата на Трокал. На тој дуел ние сме домаќини во малата сала при С.р.ц “Кале“-Скопје. Натпреварот ќе се одигра на 3-ти фебруари, сабота.