Sunday ,28 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Кошарка > Кошарка: Трокал “лесен залак“ за фуриозните Вардарки, со седмата победа по ред избивме на врвот од табелата
Кошарка: Трокал “лесен залак“ за фуриозните Вардарки, со седмата победа по ред избивме на врвот од табелата

Кошарка: Трокал “лесен залак“ за фуриозните Вардарки, со седмата победа по ред избивме на врвот од табелата

Нашата црвено-црна женска кошаркарска екипа вчера во рамки на 6.коло од вториот дел је пречека екипата на Трокал. Нашиот ЖКК Вардар беше домаќин на тимот кој  е фенерџија во лигата во малата сала при Спортско рекреативниот центар “Кале“ во Скопје, нашите девојки во ова четвртто соочување со овој тим дојдоа до четвртиот успех.

Тимот на Трокал беше лесен плен за избраничките на Дамњановски, ние во дуел во кој водевме во текот на целиот натпревар победивме со плус педесет и еден поен, односно со резултат 84-37. Како и секогаш сезонава на натпреварите со младиот тим на Трокал прашање беше колкава ќе биде нашата победа на крајот од натпреварот.

Ние успеавме да врземе неверојатни седум победи во исто толку натпревари во лигата. Надоврзувајќи на тоа и две победи во ф-4 од Купот на Македонија, Вардар нема пораз девет меча во женската кошаркарска конкуренција.  Интересно е што по овој дуел избивме конечно на врвот на табелата, ние во моментов имаме 24 бода, Бадел 1862 има 23 бода,  но и натпревар помалку.