Девојките на Жаклина Стојановска во пролетниот дел одигаа пет кола во Првата кошаркарска лига, на сите натпревари остварија сигурни и доминантни победи со своите ривали. Викенедов црвено-црните дами гостуваа кај екипата на ЖКК Струга 2009 во истоимениот град и дојдоа до победа.
Нашиот противник даде солиден отпор, за разлика од минатите четири кола каде што победата беше остварена многу рамо во овој дуел иако имаме предност ривалот беше блиску. Сепак црвено-црните покажаа квалитет и победија со 12.поена позитива. Триумфот дојде со резултат 54 – 66 на крајот.
Во следното коло идниот викенд во малата сала при СЦ “Кале“ ја пречекуваме екипа на ЖКК Работнички.