Sunday ,28 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Кошарка > ЖКК Вардар го доби шампионот во дербито, сега сме лидери
ЖКК Вардар го доби шампионот во дербито, сега сме лидери

ЖКК Вардар го доби шампионот во дербито, сега сме лидери

Вчера сo минимални (64:62) за Вардар против Баскет Кам 2011, заврши големото дерби на првиот круг од натпреварите во Првата лига-жени.Вардар е лидер со 5.победи.

По изедначената прва четвртина која заврши со минимална предност за Вардар (18:17), домашната екипа заигра уште подобро во втората, и успеа да обезбеди солидно водство на полувремето (37:29).

Но не се задоволија со тоа избраничките на тренерот Александар Ашаданов. Напротив, по одморот се стекнаа и со доцифрени (45:34).

Се чинеше дека шампионот е на колена. Но кошаркарките на Баскет Кам 2011 се вратија во дербито и тоа како. Со серијата од (17-3), која им доенсе и водство (51:48).

Само како најава дека завршниот дел ќе биде и драматичен…

Се покажа како точна една таква констатација, ако се земе в предвид дека победникот беше одлучен на две секунди пред крјаот, оние во кои Моника Зафировска погоди две од трите слободни фрлања. За минимални (64:62), кои се покажаа и како победнички.

Кошаркарките од Македонска каменица дури и успеаја да поентираат во оние две секунди, но по прегледот на ТВ снимката судиите проценија дека тие поени на гостинската екипа не важат, и прогласија победа за вардар.

Петта за девојките во „црвено-црна“комбинација, за максимален ефект, и прв пораз за бранителот на титулата во новата сезона.

На својот прв настап во дресот на вардар, Селцова потигна 18.поени, младата репрезентативка Начевска погоди четири тројки за 16.поени, додека пак Зафировска финишираше со 10 (и шест скока).