Македонката ракометна репрезентација одигра без победник (29:29) на првиот контролен натпревар против репрезентацијата на Грија. Натпреварот кој се одигра во Солун заврши со нерешен резултат.
Во текот на целото прво полувреме имавме предноста, која достигна и до четири гола разлика, за на полувреме да имаме предност од 12:15.
Во вториот дел имавме и највисоки 12:17, но Грција се доближи резултатски кога намали на 15:17. Домашната репрезентација имаше во еден момент и предност од 26:24, сепак на крајот немаше победник на овој прв контролен натпревар на овие две репрезентации.
Од вардаровите играчи, Томовски на голот имаше една одбрана. Јагуриновски постигна три гола, додека Лазаревски не запиша погодок.