Tuesday ,30 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Кошарка > ЖКК Вардар со победа ја заокружи 2016 година
ЖКК Вардар со победа ја заокружи 2016 година

ЖКК Вардар со победа ја заокружи 2016 година

Вчера во малата сала во СЦ. “Кале” и девојките на кошаркарскиот клуб на Вардар одиграа натпревар. Нашите девојки со висока победа ја заокружија оваа календарска година. ЖКК Вардар беше подобар од тимот на Трокал. Нашите девојки овој натпревар го добија со убедливи 90:48. Ова беше седма победа од осум натпревари за вардарки. Досега, бевме поразени само од големиот фаворит, и бранител на титулата, тимот на Бадел 1862. Ова значи дека вардарки новата година ќе ја дочекаат како второпласирана екипа. Со нови натпревари девојките ќе продолжат во февруари идната година. Табелата за оваа 2016 година изгледа вака (некомплетна).
15683029_1313956288661626_810086113_n