Кошаркарите на Вардар го претрпеа и осмиот пораз оваа сезона. Вчера на “Кале” подобар од “црвено – црните” беше и тимот на Струмица. Струмичани уште во првото полувреме го решија победникот на овој натпревар. Во нашиот тим само седум играчи се запишаа во листата на стрелците, додека пак кај гостинот, таа листа беше многу по голема. Вардарци овој натпревар го загубија со убедливи 62:93. Во првата четвртина нашиот тим имаше негатива од четири поени. Во втората четвртина гостите ја направија клучната предност. Вториот период Струмица го доби со дури 19 поени разлика. Третиот, нашиот тим го доби со два поени, додека пак четвртата четвртина повторно му припадна на гостинот.
Во редовите на Вардар, Зекири одигра солиден натпревар. Нашиот играч успееа да постигне 16 поени, а додаде и 10 скокови за “дабл – дабл” учинок. Калов постигна 14, додека пак Робев стрелец беше на 12 поени. Во редовите на гостинот, искусниот Ненад Зивчевиќ одигра одличен натпревар. Овој играч не промаши во текот на целиот меч, имаше реализација 9/9, за вкупно 20 поени. Димчевски придодаде 17 во победата.