Екипата на ФК Вардар (1) од генерација родени “2007“ година се пласираа во полуфиналето на турнирот во Маџари, во организација на општината Гази Баба, под мотото „СПОРТУВАМЕ – СРЕЌНИ СМЕ“. Ова е епилогот по одигрување на вчерашните натпревари во групата за избраниците на Зоран Петковски. Настапивме со две екипи, од кои Вардар 2 не успеа да се пласира понатаму, додека Вардар (1) денес ќе се бори за пласман во големото финале.
Вардар (1) немаше тешка задача да се пласира во четирите најдобри екипи, откако забележаа убедливи победи во групната фаза. Најпрво црвено-црните високо ја поразија екипата на Металург со резултат 9:0, додека на вториот натпревар нашите млади надежи беа подобри од екипата на Маџари. Тука славевме уште поубедливо со резултат 17:0. На овој начин успеавме да се пласираме во полуфиналето на овој турнир. Вардар (2) пак забележа еден пораз и нерешен резултат. Бевме поразени во мечот против Нова Колонија (0:2), додека ремизиравме против екипата на Драчево со резултат 1:1.
Денес е последниот ден за пласман на турнирот, а во полуфиналните мечеви се пласираше и Вардар (1) од генерацијата “2006“. Доколку избраниците на Филип Арсовски се пласираат во големото финале, натпреварот ќе биде пренесуван на телевизија Сител 3.