Thursday ,28 March 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-19 > Борјан Тодоровски: Кога сте дел од екипа како ФК Вардар амбициите секогаш мора да бидат на највисоко ниво и не станува збор за ништо помалку од победа на секој натпревар, а со тоа и освојување на двојната круна
Борјан Тодоровски: Кога сте дел од екипа како ФК Вардар амбициите секогаш мора да бидат на највисоко ниво и не станува збор за ништо помалку од победа на секој натпревар, а со тоа и освојување на двојната круна

Борјан Тодоровски: Кога сте дел од екипа како ФК Вардар амбициите секогаш мора да бидат на највисоко ниво и не станува збор за ништо помалку од победа на секој натпревар, а со тоа и освојување на двојната круна

Со само еден пораз и десет победи младинците на фудбалскиот клуб Вардар го завршија есенскиот дел од сезоната. Избраниците на Љупчо Марковски се есенски шампиони по одигрување на полусезоната во лигата. Како помина првиот дел од сезоната како и очекувањата за пролетниот дел можете да прочитате од изјавата на Борјан Тодоровски, коиј во најголем дел од натпреварите беше стандарден во младинскиот состав на позицијата централен дефанзивец.

-Есенскиот дел од сезоната за нас како екипа помина добро, во нашето првенство остваривме резултат кој што доликува на ФК Вардар. Само еден натпревар го загубивме и тоа оној против Шкупи. Можам да кажам дека несреќно загубивме, со оглед дека имавме повеќе шанси први да го отвориме резултатот, но во фудбалот секогаш не победува подобриот. На останатите мечеви немавме некои поголеми проблеми да ги освоиме трите бодови.

vardarfans-borjan

Најголем дел од минатата сезона, Борјан ја пропушти поради повреда. Оваа сезона се врати во првиот состав на младинците, каде имаше значајна улога во добрите резултати на екипата.

-Минатата сезона ја пропуштив поради повредата на коленото. Оваа сезона се вратив во натпреварувачки ритам, одиграв осум натпревари генерално сум задоволен.

Вардар беше првата младинска екипа во Македонија која имаше можност да биде дел од квалификациите  на лигата на шампиони. Во пролетниот дел очекувањата се да се освои двојната круна.

-Лигата на шампиони е големо искуство за секој млад фудбалер, пред се атмосферата да се биде дел од вакво натпреварување. Во однос на очекувањата за пролетниот дел од сезоната, како што реков кога сте дел од екипа како ФК Вардар амбициите секогаш мора да бидат на највисоко ниво и не станува збор за ништо помалку од победа на секој натпревар, а со тоа и освојување на двојната круна.

Звонко Ивановски