Три младински екипи на ракометниот клуб Вардар утре заминуваат за Белград, каде во периодот од 27-29-ти декември ќе бидат дел од меѓународниот турнир “Трофеј Белград“. Веќе се познати и групите во кои ќе се натпреваруваат како и распоредот на одигрување мечеви во групната фаза.
Единствената машка Вардарова екипа на овој турнир ќе биде предводена од тренерскиот тандем, Петковски-Чивлачки а ќе биде составена од играчи родени 1999/2000 година. Нивниот распоред на одигрување натпревари е следниот:
Вторник 27.12.2016
1 коло: Вардар - ОРК Земун 10:50
2 коло: Раковица – Вардар 13:20
3 коло: Вардар – Пожаревац 16:30
Среда 28.12.2016
4 коло: Вождовац 2012 – Вардар 10:20
Кадетките на РК Вардар исто така ќе бидат дел од овој силен турнир, под водство на Платон и Кузмановска. Во оваа генерација ќе се натпреваруваат осум екипи, поделени во две групи по четири екипи. Два натпревари ќе одиграат во вторник, додека еден на програмата е во среда.
Вторник 27.12.2016
1 коло: Вардар – Рудар 11:30
2 коло: Вардар – Авала 15:30
Среда 28.12.2016
3 коло: Јуниор - Вардар 11:20
Најмладата екипа на овој турнир ќе бидат пионерските под водство на Ристова и Пецевска. И тука осум екипи ќе се борат за трофејот и првото место. Вака изгледа распоредот на одигрување мечеви за нашите пионерки.
Вторник 27.12.2016
1 коло: Космај – Вардар 10:40
2 коло: Сингидунум - Вардар 14:40
Среда 28.12.2016
3 коло: Вардар -Јуниор 09:00
Натпреварите за пласман ќе се одиграат во четврток по што ќе биде познат редоследот на пласман за сите екипи, учесници на овој силен турнир во Белград.