Вардарци со победа ја завршија 2016 година. Во рамките на натпревар од СЕХА-лигата, црвено-црните славеа на гостувањето во Белорусија, против екипата на Брест Мешков. Одличен натпревар одигра нашиот шампион како “шлаг“ на годината, по што следува пауза поради репрезентативни обврски на играчите за претстојното светско првенство во Франција. Вардар славеше против Брест Мешков (30:25). Карачиќ, Душебаев, Борозан, Дибиров и Чупиќ постигнаа по 5 голови.
Најинтересни моменти од победата против Брест Мешков: