Wednesday ,24 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Кошарка > Лидерски триумф! ЖКК Вардар во дербито ја совлада Струга, Наков повторно на терен
Лидерски триумф! ЖКК Вардар во дербито ја совлада Струга, Наков повторно на терен

Лидерски триумф! ЖКК Вардар во дербито ја совлада Струга, Наков повторно на терен

Вчера на домашен терен екипата на Вардар го пречека тимот на ЖКК Стуга 2009 во дербито на 11.коло. Пред почетокот на истото ние имавме максимални 10.победи, стружанки како и Бадел со една помалку беа чекор зад нас. Кога требаше да се одигра на ниво, ние покажавме зашто сме актуелни шампиони на Македонија и дојдовме до сигурна, висока и заслужена победа.

Одлично отворивме во првата четвртина, во одбраната бевме на ниво па  успеавме да постигнеме двојно повеќе поени од ривалот (25:12). Во вториот период од ова дерби кој го добивме со 19:15,  успеавме  мечот да го однесеме на одмор со значајни 17.поена позитива што ни носеше комоција во продолжение. За време на паузата во Кале на семафорот стоеше, 44:27 за избраничките на Жаклина Стојановска.  Третата четвртина беше презентација на врвна одбрана, ривалот погоди само неверојатни два поена, ние уфрливме  во нивниот кош 17.поени па се беше до крајот формалност. Победата дојде со резултат 71-51.

Кај нас на ова деби на паркетот беше искусната Славица Наков, која даде додатна креативност на црвено-црниот тим. Најистакнати стрелци беа токму она, потоа капитенот Деловска, Пејковска и Зафирова.

По ова коло на табелата ние сме лидери со 22.бода, баделки имаат 21.бод, а нашиот вчерашен ривал е на „бронзената“ позиција со 20.бода.  Со ова коло се заврши првиот круг, следи вториот во кој отвараме против тимот на Трокал.