Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Кошарка > ЖКК Вардар, ја победи Струга, 14-годишната Начевска даде кош за победа
ЖКК Вардар, ја победи Струга, 14-годишната Начевска даде кош за победа

ЖКК Вардар, ја победи Струга, 14-годишната Начевска даде кош за победа

Поранешниот шампион Вардар триумфираше со 63-61 во дуелот на досега непоразените екипи во Првата македонска кошаркарска лига во женска конуренција.

Екипата на Струга пропушти голема шанса да слави во Скопје бидејќи по првата четвртина имаше водство од 18-6, а водеше и во последната четвртина. Вардар не се предаде до крајот, успеа да направи пресврт и по три одиграни кола има исто толку победи.

Ивона Пејковска со 15 поени беше најефикасна во тимот на Вардар, а Драгана Петковска оствари дабл-дабл со 12 поени и 12 скока. Прв стрелец на мечот беше кошаркарката на Струга, Дајана Томпсон која постигна 25 поени на кои додаде 12 скока.

Сепак, мечот го одбележа 14-годишната кошаркарка на Вардар, Ања Начевска која го постигна кошот за победа на Вардар. Тинејџерката која сезонава првпат игра во сениорскиот тим на „црвено-црните“, а минатата беше прогласен за МВП на завршниот турнир од М14 лигата, одигра само три минути на денешниот меч, но и тие беа доволни да стане херој на својот тим.

Начевска погоди на 26 секунди пред крајот за водство на Вардар од 62-61. Стружанки не го реализираа својот напад, а потоа Наков беше фаулирана по што погоди едно слободно фрлање и стави точка на мечот.