Нашиот атлетичар, Петре Завировски го освои 3 место на атлетската крос кантри трка во парк шумата Гази Баба, која што се трчаше во чест на 23 октомври денот на македонската револуционерна борба. Тој за оваа трка изјави:
Уште еден одличен настап за мене. Дадов се од себе, успеав да стигнам до 3 место. Задоволен сум од текот на оваа сезона. Во иднина ќе продолжам да давам се од себе за подобрување на резултатите. Одлична крос кантри патека во парк шумата Гази Баба во должина од 10км мината за 39:40 минути.
Многу ми е драго што добиваме уште една атлетска манифестација со одлична организација.
Да живее Македонија!!!