Во првиот меч од неделната програма од 6.коло во Првата лига, одигран „Под Кале“, се судрија локалните скопски ривали Вардар и Навико Академија ФМП. Имаа домаќините серија од (12-2) во последните две-три мунути со која го скршија отпорот на екипата од Кисела Вода.
ВАРДАР – НАВИКО АКАДЕМИЈА ФМП 102:91
Максимално изедначен натпревар одиграа локалните скопски ривали „Под Кале“.
По пет минути игра, гостите од Кисела Вода поведоа со (14:7), но до крајот на првиот дел Вардар се „симна“ на (23:27). Уште во неколку наврати Навико Академија ФМП имаше плус 7, а по поентирањето на Иванов, во 13.минута, имаа и уште повисоки (38:29). Нешто подоцна и (41:32). Но „вардарци“ не дозволија таа разлика да премине и во двоцифрена.
Напротив, налик на првата четвртина, во финишот на втората, домашните кошаркари намалија на достижни (47:50).
Второто полувреме беше уште поизрамнето.
По нецели три минути, Лукановски му донесе и водство на Вардар, (56:54). А Атанасов и Митков погодија за нешто повисоки (63:59). Но тој дел од играта сепак заврши со предност на гостинската екипа, (73:71).
Нерешено беше и на средина од последниот период (82:82), пред да тргне серијата, која се покажа како победничка за Вардар. Од (12-2) со која конечно се одвоија, на високи (94:84) кога до крајот останаа да се доиграат неполни три минути.
Митков реализираше 26. поени (и 11. скока), а Бајрам 22 за Вардар, каде, од стартерите Наков (плус девет.скока и шест асистенции) и Атанасов додадоа по 18, а петтиот „двоцифрен“ беше новакот Пауел, кој стрелаше за 12.поени.
На другата страна, Брукс застана на дабл-дабл ефект од 25.поени и 10. скока (имаше и пет асистенции), Огундиран имаше 21, Нилд 18, а Петровски уште десет поени.