Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Одбојка > Машкиот и женскиот одбојкарски тим Вардар со максимални победи викендов
Машкиот и женскиот одбојкарски тим Вардар со максимални победи викендов

Машкиот и женскиот одбојкарски тим Вардар со максимални победи викендов

Викендов одбојкарите на Вардар, момците и девојките одигаа дуели од домашниот шампионат. На двата меча дојдовме до победи  и тоа максимални со освоени три сета, без изгубен.

Девојките на Вардар гостуваа во Тетово кај тимот на ОК Универзитет Тетово, црвено-црните дами дојдоа до победа со 0-3. Во салата СС „Млади“- Универзитет Тетово ние поведовме до 0-1 со резултат 16:25. Вториот сет го добивме со 18:25, а во клучниот сет бевме најдобри и со високи 11:25 ја „запечативме“ победата над тетовчанки. Со оваа победа останавме на лидерската позиција со 33.бода.

Момците во „Кале“ ја пречекаа екипата на ГОК Борец од Велес, црвено-црните одбојкари дојдоа до максимална победа со резултат 3:0. По сетови тоа изгледаше напреварот изгледаше  вака: 25:21, 28:26 и во последниот клучен сет за победата остваривме триумф со 25:21.