Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Кој може да биде потенцијален противник на Вардар во 1/8 финалето на ЛШ
Кој може да биде потенцијален противник на Вардар во 1/8 финалето на ЛШ

Кој може да биде потенцијален противник на Вардар во 1/8 финалето на ЛШ

До крајот на групната фаза во Лигата на Шампионите за Вардар останува да одигра уште еден натпревар, по што ќе биде познат нивниот пласман во групата А. Познато е дека Вардар доби само еден бод од двата натпревари со ПСЖ, како и службен триумф за гостувањето кај Фленсбург.

Од конечниот пласман на сите екипи во двете групи ќе бидат познати осмина-финалните двојки. Вардар во четврток ќе го одигра последниот дуел, кога на домашен терен ја пречекува екипата на Брест Мешков.

Со триумф над Брест ќе бидеме сигурни барем на седмата позиција, додека за место погоре ќе треба да се чекаат резултатите од останатите конкуренти на Вардар во групата.

Вардар со 9.освоени бодови се наоѓа на 7.место, додека Порто е на 6.позиција со вкупно 10 бодови, а на 5.место е Брест Мешков кој има 11 бодови. Поради смрта на голманот Кинтана, се уште е неизвесно дали Порто ќе ги одигра останатите два натпревари.

Потенцијални противници за Вардар во 1/8 финалето се екипите на Барселона, Веспрем, Алборг, Мотор Запорожје и Кил, иако моментално најблиску сме до дуел со Веспрем кој сигурно ќе заврши на второто место во групата Б, додека неизвесна е битката за третото место во групата за кое конкурираат три екипи, кои исто така можат да бидат потенцијален противник за црвено-црните, само ако ние завршиме на шесттото место во својата група.

Со одигрување на последните натпревари во двете групи, набргу ќе биде познат и противникот на Вардар во следната елиминациска рунда, како и сите останати парови од осмина-финалето на ЛШ.