Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Кошарка > Кожув „падна“ во Кале, голема победа за КК Вардар
Кожув „падна“ во Кале, голема победа за КК Вардар

Кожув „падна“ во Кале, голема победа за КК Вардар

Кошаркарите на Вардар одиграа одличен меч, ние го пречекавме  Кожув  во СЦР „Кале“  и му нанесовме пораз од 95-86, во дуелот од 15. коло на Првата лига на Македонија. Гостите од Гевгелија важеа за благ фаворит, сепак избраниците на Јованчев одигаа одлична партија. Ова е трета наша победа сезонава.

Вардарци одлично отворија, поведоа со 14-2 и најавија интересен дуел. Кожув се врати, ја анулира негативата  постојано двата тима беа блиску на резултатски план. На одмор помеѓу двете полувремиња заминамв со минимална предност,  43-42.

Во третиот период ние бевме подобар противник, а  на стартот од завршните десет минути домаќинот заигра неверојатно и стигна до највисоките +17. Кожуф се врати во игра, но имаше сили само да го ублажи поразот. Победата дојде со 9.поена позитива, 95-86. Кај нас Диксон Дикембе беше најдобар во  со 20 поени, тој имаше   и „дабл-дабл“ учинок, бидејќи впиша 13.скока.