Wednesday ,24 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Алушовски и Карапалевски: Имавме лош старт на натпреварот
Алушовски и Карапалевски: Имавме лош старт на натпреварот

Алушовски и Карапалевски: Имавме лош старт на натпреварот

Вардар имаше лошо издание на натпреварот со Мотор Запорожје во СЕХА-лигата. Црвено-црните на дуел на кој имаа негатива од самиот старт, на крајот беа поразени со резултат 30:23.  Ова беше прв пораз за Вардар во ова натпреварување.

Алушовски истакна дека лошиот старт на натпрварот бил пресуден за конечниот пораз.

-Имавме многу лош старт, примивме седум гола од игра во низа за кои не најдовме одговор, па тоа се одрази на целиот натпревар. Со таква предност Мотор го заврши првото полувреме, а потоа беше тешко да се игра против ривал кој играше на повисоко ниво. Се обидовме да им парираме, пробавме и со „7 на 6“, но ништо не функционираше. Му посакувам многу среќа на Мотор во наредните натпревари, изјави стратегот на Вардар.

Одлично второ полувреме одигра младиот Мартин Карапалевски кој на најдобар можен начин ја искористи шансата на теренот. Средниот бек постигна четири голови од исто толку упатени удари.

-Би сакал да му честитам на Мотор за победата. Имавме многу лошо отворање на мечот. Првите 20 минути беа клучни, не можевме да се држиме во овој дуел, затоа што отворањето влијаеше на резултатот. Се обидовме да се вратиме, но беше невозможно да се игра против расположениот Мотор.