Tuesday ,13 April 2021
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Триумф на првиот контролен натпревар за пом.пионери на ФК Вардар
Триумф на првиот контролен натпревар за пом.пионери на ФК Вардар

Триумф на првиот контролен натпревар за пом.пионери на ФК Вардар

Помладите пионери на ФК Вардар денес одиграа пријателски натпревар како подготовка за пролетниот дел од сезоната. Момците на Драган Стефановски-Гаге гостуваа во Ѓорче кај екипата на Македонија Ѓ.П, дуел на кој нашите млади надежи триумфираа со резултат 2:6.

Одличен натпревар одиграа вардарци кои и заслужено победија. Вардар во вториот дел го скрши отпорот на противникот, со оглед дека по првиот дел резултатот беше израмнет на 2:2. Горјан Цветков и Михаил Кузмановски постигнаа два гола, додека по еден беа дело на Филип Јовановски и Влатко Кулуковски.

Вардар: Филевски, Кулуковски, Таневски, Серафимов, Ристовски, Цветков, Спасиќ, Дошев, Курти, Јовановски, Величковски.

Влегоа уште и Илиевски, Цикарски, Петровски, Јакимовски, Веселинов, Радевски, Туша и Љавдрим.

Според најавите за следниот викенд е предвиден стартот на пролетниот дел во младинските лиги. Оваа генерација на Вардар ќе стартува од првото место.