Денешниот дуел во Тетово заврши со победа на Шкендија од 2:1. Иако Вардар одигра добар натпревар, сепак одлучи еден непостоечки досуден слободен удар. Штета за Вардар!
Почетните 10.минути од натпреварот минаа мирно без возбудувања на двете страни. Воглавно домаќинот ја имаше топката во свој посед, а Вардар добро се бранеше и чекаше шанса преку опасна контра или грешка на противникот. Во 15.минута од дуелот, убава акција направи домаќинот, а Мурати беше прецизен малку одкосо од голот на Илиќ за 1:0 предност. Кратко траеше радоста на Шкендија, бидејќи Вардар успеа да израмни само две минути подоцна. Мирчевски уште еднаш покажа дека има одличен удар, биеше од 12-сетина метри по земја крајно прецизно за израмнување на 1:1. По головите, Вардар одлично го умртви темпото на дуелот и ги запре напаѓачите на тетовчани. Во првиот дел за одбележување беше и еден опасен удар на Најденов кај Вардар, кој биеше добро од 20-сетина метри, а Захов одбрани. Илиќ беше сигурен во првиот дел и на висина на задачата.
Во второто полувреме Вардар одигра исто така добро и ја контролираше својата одбрана, додека пак Шкендија ја чекаше својата шанса за нов гол. Се играше 62.минута, а домаќинот доби слободен удар кој го немаше од околу 20-сетина метри. Топката ја зеде Алими и биеше прецизно за предност нова на домаќинот од 2:1. По голот, Вардар започна да игра напаѓачки и да бара ново израмнување, но тешко му одеше преку игра. Џиџи направи и неколку промени, но не вродија со плод, па така Вардар одигра добар натпревар но загуби откако домаќинот доби ,,поклон” слободен удар.