Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Одбојка > Победи се нижат, врвот е црвено-црн, Вардар ЕМ со уште еден гостински успех
Победи се нижат, врвот е црвено-црн,  Вардар ЕМ со уште еден гостински успех

Победи се нижат, врвот е црвено-црн, Вардар ЕМ со уште еден гостински успех

ЖОК Вардар ЕМ непрестајно реди успеси во 2.лига за сениорски, нашите одбојкарки остануваат на врвот и на чекор до промоција во женската одбојкарска елита. Вчера гостувавме во Кичево кај тимот на ОК Ускана, на меч на кој доминиравм во сите аспекти на одбојкарската игра дојдовме до победа со конечни 1-3.

Првиот сет го добивме релативно лесно и убедливи си 13-25, во вториот се намачивме сепак победивме со 24-26 и се назираше нашата победа одкако поведовме со 0-2. Домаќинот во третиот сет намали на 2-1 (25-20), во последниот   ние со 11.поена повеќе (14-25) дојдовме до победа на тој дуел со 1-3. Со оваа победа останавме лидери на табелата.