Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Кадетите со пораз од Пролет се простија од групната фаза (Видео)
Кадетите со пораз од Пролет се простија од групната фаза (Видео)

Кадетите со пораз од Пролет се простија од групната фаза (Видео)

Кадетите на РК Вардар 1961 гостуваа вчера кај градскот ривал, тимот на РК Пролет на натпревар од 10.коло во во кадетската Група-В.  Дуелот во салата „Македонско сонце“ го добија домашните со резултат 25-23.

Дуелот започна со по еден гол на двете страни (1-1), двата тима играа гол за гол со неколку израмнувања. Се додека не се одлепивме на два гола при резултат 6-8 некаде на средината на првиот дел, по што следеше минута одмор за домашниот тим. Ние успеавме со тие два гола предност да влеземе во последните 10.минути (9-11), за жал ривалот во последната третитна од првиот дел направи пресвет и на пауза замина со гол предност, тие по серија 4-1, на одмор замина со водство од 13-12.

Следеше уште една серија на домаќинот на самиот почеток на вториот дел (3-1) со која поведоа со 16-13, предност која постојано ја одржуваа во текот на вторите 30.минути. Тие на крајот дојдоа до победа со два гола позитива, ние бевме поразени во ова последно, 10.коло од групната фаза во кадетската лига со резултат 25-23.

Видое од целиот натпревар може да погледнете на следниот ЛИНК!