Tuesday ,30 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Куглање > КУГЛАЊЕ! Конечно почнува кугларската лига. Вардар викендов гостува во Битола
КУГЛАЊЕ! Конечно почнува кугларската лига. Вардар викендов гостува во Битола

КУГЛАЊЕ! Конечно почнува кугларската лига. Вардар викендов гостува во Битола

Конечно со големо закаснување годинава, викендов ќе почне македонската кугларска лига. После големите реорганизации во Кугларската федерација на Македонија и изгласувањето на новото раководство, почетокот на лигата е закажан за 28 ноември. Годинава лигата ќе брои шест екипи. Нашите момци предводени од искусниот стратег Драги Димитровски оваа сезона ја започнаа со играње на НБЦ-купот во Австрија  каде имаа одличен настап по што следеше паузата до почетокот на МКЛ.

Нашиот црвено – црн кугларски колектив во премиерното коло гостува во Битола кај тимот на КК Хераклеа. За нашите момци ова е едно од потешките гостувања заради спецификата на условите што владееат во битолската куглана кои се тешки за натпреварување на сите гостински тимови, но сепак Вардар влегува како изразит фаворит во овој дуел. Во ланскиот дуел нашите момци победија во самиот финиш со 6 “соборени дрва“, а целиот пресврт се случи во последните 60 “дрва“ победа која беше една од клучните за освојување на вице-шампионската титула. За дуелов  кратко  изјавија од Кугларскиот клуб Вардар, следново :

-Очекуваме повторно тежок и неизвесен натпревар со екипата на битолска Хераклеја, но  сме оптимисти и очекуваме добра партија. Во нашиот тим сега ги имаме засилувањата Донковски и Влаќевски кои лани не беа дел од тимот во соочувањето со овој противник.