Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Кошарка > КОШАРКА! Вардар се врати на победите, совладан Радовиш (ФОТО ТАБЕЛА)
КОШАРКА! Вардар се врати на победите, совладан Радовиш (ФОТО ТАБЕЛА)

КОШАРКА! Вардар се врати на победите, совладан Радовиш (ФОТО ТАБЕЛА)

Нашиот кошаркарски колектив се врати на победите во вторта лига по изненадувачкиот пораз минатото коло кај КК Шкупи во Чаир. Во дуелот од 5.коло на домашен терен во Спортско рекративниот центар “Кале“ го пречекавме “фенерџијата“ во лигата екипата на КК Радовиш.  Вардар ја забележа својата четврта победа во петтиот дуел сезонава со убедлива разлика од 16 коша, резултатот на крајот беше 93-77.

Вардар на табелата се врати на втората позиција со 9 бода колку што има и третопласираниот тим на КК Пелистер од Битола, а лидер на второлигашката табела е АВ Охрид 2013 со максимални 10 освоени бода. Според распоредот  во наредното 6.коло црвено-црните ги очекува вистински тест за амбициите за висок пласман гостуваме во Охрид кај лидерот на табелата на 28 ноември во сабота. Резултатите од ова коло на останатите 4 дуели се следните :

5.коло Гостивар 2015    78 68  Ангели
5.коло   Водњански Л.  59  63 Пелистер
5.коло   Тетекс  65  95 Охрид АВ
5.коло   Академија ФМП  85  68 Шкупи