Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Куглање > Куглање: Вардаровиот јуниорски тим ги “пали моторите“
Куглање: Вардаровиот  јуниорски тим ги “пали моторите“

Куглање: Вардаровиот јуниорски тим ги “пали моторите“

Покрај сениорскиот тим на кугларскиот клуб Вардар подготовките за предизвиците во есенскиот дел го отпочна и подмладокот, поточно јуниорскиот сегмент од црвено-црните. Оваа сезона ќе биде третта по ред како во Македонската кугларска лига пред дуелите на сениорските екипи ќе има настапи и на јуниорските состави.

Кормиларот на вардарци, искусниот тренер Драги Димитровски работи вредно со младите момци, тој има мислија како и претходно што создаваше квалитетни куглари да создаде повторно млад надежен потенцијал во овој спорт. Веќе со него работат третта година повторно Љупчо Митиќ и  Мартин Митиќ двајцата се дел од подготовките кои се одвиваат во кугланата “Мусандра“ при Градскиот трговски центар во Скопје. Треттиот член на јуниорскиот тим кои изминатите две сезони настапуваше за Вардар,  Костадиновски Матеј сеуште не е е во погон овој летен подготвителен период.