Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Пет вардарци во составот на кадетската репрезентација, за денешниот дуел против Фарски Острови
Пет вардарци во составот на кадетската репрезентација, за денешниот дуел против Фарски Острови

Пет вардарци во составот на кадетската репрезентација, за денешниот дуел против Фарски Острови

Македонската кадетска репрезентација денес го игра третиот натпревар на ЕХФ шампионатот во Грузија. По стартните победи против Литванија и Луксембург, денес избраниците на Данило Брестовац за противник го имаат тимот на Фарските Острови.

Селекторот на Македонија го објави составот за денешниот дуел, а во него се најдоа пет ракометари од Вардар. Се работи за Марко Кизиќ, Игор Ѓорѓиев, Ален Ќосевски, Мартин Карапалевски и Кристијан Анѓелковски.

Со триумф над Фарски Острови, Македонија ќе се пласира во полуфиналето на ЕХФ Шампионатот. Во прдолжение стрим од натпреварот.