Генерацијата на женскиот ракометен клуб Вардар, родени 2004/05 година на 8-ми август ги стартуваше подготовките за новата натпреварувачка сезона. Оваа сезона екипата ќе се натпреварува во пионерската и кадетска лига. Првенството започнува на 8-9 септември. Главен тренер на оваа генерација, која ја сочинуваат ракометарки, кои дел од Академијата на Вардар, останува Анжела Платон, поранешна ракометарка на златната генерација на Кометал Ѓ.П и Македонската репрезентација. Промена има во однос на тој кој ќе и асистира од клупата. Тоа повеќе не е Александра Кузмановска, која замина во Спартак од Кисела Вода, додека нов помошник е Марија Папуџиева, поранешен координатор во клубот како и поранешна ракометарка.
Што се однесува до играчкиот кадар, остануваат сите 13 ракометарки кои минатата сезона настапуваа за Вардар во пионерската лига, засилени за уште три нови девојки. Се работи за Зорица Андовска која доаѓа од РК Кисела Вода, Јоаван Трајановска од Ново Лисиче и Јана Равојска од школата на Будимир.
Состав на генер. 2004/05 за натпреварувачката сезона 2018/19: Мила Пешиќ, Мила Крагељ, Александра Коловска, Леа Христоска, Борјана Коцева, Ива Ангеловска, Наталија Максимовска, Андреа Миланова, Бојана Радевска, Ана Мирческа, Бојана Коцева, Вероника Ѓоргиевска, Зорица Андовска, Тошевска Магдалена, Јована Трајановска и Јана Равојска.
Главен тренер: Анжела Платон
Помошен тренер: Марија Папуџиева