Кадетите на Вардар со убедлива победа стартуваа на турнирот од Европската младинска лига (EYBL) што вчера започна во полскиот град Радом.
Иако ослабени и без првиот тренер, „црвено-црните“ го совладаа домаќинот Пјотровка со 96-52 и се доближија уште повеќе до завршниот турнир од ова натпреварување. Полскиот тим беше рамноправен само во првата четвртина, Вардар потоа направи серија од 18-2 и се одлепи на 46-23. Во третиот период Пјотровка постигна само четири поени и тука дефинитивно беше скршен отпорот на домашниот тим.
Денес, Вардар игра со романскиот тим Леи, а за в сабота му остануваа дуелите против унгарските екипи Зирош Академија и Шопрон.
Извор:кош.мк