Јуниорската кошаркарска репрезентација на Македонија загуби и четврти пат по ред на Европското првенство Б дивизија што се одржува во Скопје. Подобри од избраниците на Панче Милевски беа нивните врсници од Чешка со 63-70. Вардарецот Валмир Какруки одигра над 34 минути и постигна шест поени. Апак Андреј Данилов впиша три поени, Благој Димитриев одигра само пет минути и не поенираше.
Репрезентативците до 18 години ќе разигруваат за пласман од 17. до 24. место на Европското првенство (дивизија Б). Со конечен скор од една победа и четири порази, јуниорите се пласираа на шестото место на табелата во групата Ц и ќе разигрува против петтопласираниот од групата Д.