Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Куглање > Вардар оваа сезона ќе биде домаќин во кугларницата “Мусандра“ во ГТЦ
Вардар оваа сезона ќе биде домаќин во  кугларницата “Мусандра“  во ГТЦ

Вардар оваа сезона ќе биде домаќин во кугларницата “Мусандра“ во ГТЦ

По една година пауза и играњето во кугланата Вип при С.Ц “Борис Трајковски“-Скопје вардарци повторно се враќаат во кугларницата Мисандра. Црвено-црните во новата сезона 2018/2019 година своите домашни мечеви во Македонската кугларска лига ќе ги играат како домаќини во кугларницата “Мусандра“ која се наоѓа во Градскиот трговски центар.

Првиот собир нашите момци со кој ќе ја стартуваат сезоната 2018/2019 ќе го имаат во понеделник, 6.август кога и ќе отпочнат подготовките. Истата повторно ќе биде домашен терен на нашиот тим во домашниот шампионат оваа година, откако изминатата ја игравме како домаќини во С.Ц “Борис Трајковски“. Вардарци прв предизвик кој ги очекува е нивниот 8-мо септемвриски интернационален турнир, а потоа ќе играат на Светскиот куп во Хрватска каде ќе ја преставуваат Република Македонија на овој европски предизвик. Потоа следат дуели и во домашната лига-МКЛ.