После освојување на Европската титула со Вардар, пред Раул Гонзалез е нов голем предизвик во неговата тренереска кариера. Шпанскиот стручњак во новата сезона ќе биде тренер на најбогатиот тим во Лигата на Шампионите, тоа е екипата на ПСЖ, со која веќе ги стартуваше подготовките. ПСЖ долго време ја посакува титулата во ЛШ, подвиг кој не им успеваше последните три сезони, на кои се најдоа на завршниот турнир во Келн. Токму успехот на Вардар ги натера луѓето во ПСЖ да го донесат Гонзалез, како главен предводник од клупата.
-За ПСЖ титулата во Лигата на шампионите е многу важна, тоа може да се забележи од претходните неколку сезони. Тие имаа неколку неуспешни обиди, а сите знаеме колку е тешко да се стигне на врвот. Раководството бараше нов тренер, а јас бев достапен и им се допаднав поради мојот успех со Вардар, со мене екипата ќе добие нов стил на игра. Пред мене имам голем предизвик и едвај чекам да видам како ќе се одвиваат работите, се надевам дека ќе излезат добро. Немаме многу време, а јас знам што сакам, како да ги изведам тоа, но ќе оставиме патот да не носи и да ни покаже во кој правец да се движиме, истакна Гонзалез.