Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Кошарка > МЗТ Уни банка го совлада КК Вардар
МЗТ Уни банка го совлада КК Вардар

МЗТ Уни банка го совлада КК Вардар

Екипата на МЗТ Скопје Уни Банка го совлада Вардар во првиот меч од баражот за опстанок во друштвото на најдобрите. Во натпревар во кој младите „металци“ имаа постојано водство кое противникот не успеа да го „сврти“, беа сконцентрирани, и подобри од својот ривал, кога беше најпотребно, во финалните пет минути, од овој прв нокаут-меч од Плеј-аут серијата.

МЗТ СКОПЈЕ УНИ БАНКА – ВАРДАР    85:78

Почеток од соништата имаше домашната екипа. За нешто повеќе од четири минути, имаше двоцфрено водство (16:6), кое нешто подоцна беше уште повисоко (23:11). Но во преостанатите три минути „вардарци“ почнаа да покажуваат „знаци на живост“. Намалија на (20:27) на крајот на првиот период од првиот бараж-натпревар за опстанок во Првата лига.

Воведните минути од вториот дел беа резервирани за „вардарци“. Дефинитивно се вратија во игра. По поените на Дикембе (за него 14. во тој дел од играта), во 14.минута, беа само два чекори зад домаќинот (28:30). Следуваа седум поени, од нив шест на Андоновски, со кои МЗТ Скопје Уни Банка одново се одвои, сега на (37:30).

Вардар направи уште еден обид и успеа да се врати. Во финалните две минути со серија од (8-1) дојде на (43:44). Но Стојановски ги постави конечните (46:43) на полувремето, во кое поентерски, со 15.реализации, отскокна Монтгомери кај домаќините, додека пак Дикембе застана на бројката од 17.

Беше и нерешено (54:54) по 25.минути игра во малата сала на СЦ „Јане Сандански“. Но трет пат во текот на натпреварот, домашните кошаркари најдоа одговор, и до крајот на тој дел од играта имаа солидни (67:60). Освен Монтгомери и Андоновски, почнаа да погодуваат и Стојановски и Наумоски, што беше уште поголема закана по „вардарци“ пред почетокот на последната четвртина.

Со серијата (6-0) одговорија гостите, уште еднаш беа на чекор зад противникот (66:67) во уводните минути од последниот дел. Така беше и во наредните две (69:68).

Но оние најважните младите „металци“ ги одиграа подобро од својот ривал со кого за два дена, во „Под Кале“ ќе ја бијат втората битка за опстанокот. Уште еднаш се одвоија на солидна предност (75:68), потоа и (81:73), за водство од (1-0) во оваа серија