Репрезентацијата на Македонија до 16 години загуби од Црна Гора во првиот натпревар од турнирот „Mиљан Миљаниќ” што се одржува во Стара Пазова, Србија. Противникот славеше победа со 6:5 по подоброто изведување пенали.
Македонската репрезентација била подобар противник во регуларните 90.минути од овој натпревар, на кој имале неколку изгледни шанси да ја затресат противничката мрежа, сепак голманот на Црна Гора бил последната несовладлива пречка кон завршниот удар. По пристапување на пенал серијата, како подобри се покажале црнагорците.
Во стартниот состав на Македонија започнал Марко Стојилевски, додека во игра влегле уште и Никола Величковски и Ѓорѓи Дошев кој го имаше својот деби натпревар во дресот на својата земја. По пенал рулетот погодиле Стојилевски и Величковски, додека Дошев не реализирал пенал.
Во борбата за 3.место за противник ја имаме репрезентацијата на Буарија, која во полуфиналето со убедливи 3:0 загуби од селекцијата на Србија.