Од како беше тргната забраната за работа во затворени простори (сали), од денес(12.мaj) Реал Аикидо клубот Вардар започнува со работа во сала, во двата објекти кои ги поседува за тренинг. Станува збор за објектот на улица Козле број.20, на 180м2 е распослан вториот дом на црвено-црните аикидо момци и девојки. Одлично структуиран, со се што е потребно и неопходно. Покрај тоа сега тимот е активен и на локацијата каде е препознатлива за нив, салата при ОУ„Александар Македонски“ во Ново Лисиче.
ТЕРМИНИТЕ И ЛОКАЦИИТЕ НА ТРЕНИНЗИТЕ СЕ СЛЕДНИ:
-Во објектот на улица: Козле број.20 термините се следни:
*Понеделник, среда и петок со почеток во 19-00 и 20-00 часот.
-ОУ„Александар Македонски“ во Ново Лисиче термините се следни:
*Вторник и четврток од 19-00, а сабота од 16-00 часот работат двете возрасни групи.
Од Вардар за сите заинтересирани велат: Сите наши тренинзи се од отворен тип, повелете, дојдете да се дружиме. Уписот на нови црвено- црни членови се врши на секој тренинг, без надокнада.
Контакт телелефон: 076- 959- 960.
FB Контакт>>>>
https://www.facebook.com/realaikidovardar