Кошаркарите на Вардар го претрпеа и 17 пораз во кошаркарската лига. Вчера нашите играчи како домаќини беа поразени од тимот на Струмица со резултат 50:55 (6:16, 15:13, 19:9, 10:17).
Првата четвртина вардарци ја одиграа многу лошо, во првите 10. минути успеаа да постигнат само шест поени, односно да реализираат само три напади. Втората и третата четвртина ги оставија во надеж вардарци дека можат да дојдат до втората победа во низа во лигата. Но, последниот период Струмица го доби со седум поени разлика и заслужено славеше победа од пет поени разлика.
Во редовите на КК Вардар немаше многу расположен играчи, само Адекунле беше двоцифрен со 15 поени, другите играчи беа под нивото. Во победничкиот тим Јокиќ постигна 20 поени, Брчков придодаде 17.