Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Втор тим > Поповски го предводеше РК Вардар Јуниор до важна победа против Металург 2

Поповски го предводеше РК Вардар Јуниор до важна победа против Металург 2

Екипата на РК Вардар Јуниор со победа го започна плеј-аутот во супер лигата, откако на Кале беа подобри од екипата на Металург 2. Избраниците на Стојан Петрушевски одлично го започнаа натпреварот каде по седум минути игра имаа предност од 5:1. Во продолжение од натпреварот, гостинската екипа успева да воспостави резултатска рамнотежа и да намали на само два гола негатива. Во тие моменти беше побаран тајм-аут кој донесе резултат и до крајот на првиот дел со серија од четири погодои го зголемивме резултатот, за на полувреме да имаме предност од шест голови разлика (14:8).

Во првите шест минути од вториот дел го зголемувавме водството за да стигнеме до највисоки седум голови разлика. До крајот на мечот го одржувавме ова водство и имавме контрола на резултатот. Најефикасен во нашите редови беше крилото Мартин Поповски кој постигна 11 голови. Ова е втора последователна победа во дуелите со екипата на Металург, која е многу важна за опстанокот во супер лигата.

ВАРДАР ЈУНИОР: Ивановски, Димов, Димовски, Георгиевски 6, Димитровски, Ангелов 2, Кизиќ, Анастасовски 1, Поповски 11, Трпчевски, Симиќ 2, Ристов, Манасков 3, Кукуловски, Ончев 5, Филиповски.