Екипата на ЖРК Вардар започна со победа на третиот турнир во регионалната лига, откако вечерва беа подобри на првиот натпревар од екипата на Крим. Истиот се игра во Љубљана, а домаќин е токму екипата на Крим. Црвено-црните имаа контрола на резултатот во текот на целиот натпревар и на крајот сосема заслужено стигнаа до победата. Бевме ослабени за неиграњето на двата пикери, Алтхаус, Човиќ, како и бековите Лекиќ и Пенезиќ, но сепак успеавме да стигнеме до триумф. По првото полувреме имавме водство од 11:15.
И во вториот дел имавме постојано водство кое не дозволивме да го испуштиме. На крајот конечениот резултат гласеше 26:27. Убедливо најефикасна во нашиот состав беше крилото Јованка Радичевиќ која постигна 12 голови. Во текот на утрешниот ден го играе и вториот натпревар против тимот на Подравка. Првиот меч на овој турнир го одиграа екипите на Будуќност и Подравка, натпревар кој заврши во корист на Црнагорките кои го добиај со резултат 21:19. Овие натпревари се последна подготовка за Вардарки за предизвикот кои ги очекува во четвртфиналето против тимот на Митјиланд од Данска.
ЖРК ВАРДАР: Радичевиќ 12, Кликовац 1, Херем 2, Мавсар, Дамњановиќ 5, Лејно, Лазовиќ 1, Илина, Пенезиќ, Суслина, Лакрабер 4, Хмирова, Петровиќ 2, Песоа, Ристовска.