Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Победа и пораз на Вардар генер. 2007
Победа и пораз на Вардар генер. 2007

Победа и пораз на Вардар генер. 2007

Попладнево на терените на ФК Работнички свои натпревари одиграа и Вардар 1 и 2 од генерацијата 2007. Во ова седмо коло оваа генерација забележа една победа и еден пораз.

Најпрвин на теренот излезе Вардар (1) кој одигра натпревар против Чаир. Овој тим на Вардар продолжи да бележи само успеси и позитивни резултати, овој викенд дома со осум погодоци беше испратен тимот на Чаир. Во текот на целиот меч нашите млади момчиња демонстрираа моќ и одлична игра, нешто слично што го прават на секој натпревар.

Стрелци на головите: Грашески 3, Шаботиќ 2, Јаковчевски, Младеновски и Лебариќ по еден.

Вардар (2) пак одигра меч против Винер Спорт. Во еден многу интересен и возбудлив натпревар, за жал нашите играчи беа поразени од својот противник. Иако нашиот тим имаше неколку добри шанси да постигне и повеќе од три погодоци, сепак шансите не беа искористени. Овој натпревар нашиот тим го загуби со резултат 4:3.

Стрелци на головите во Вардар беа: Јовановски, Котевски и Фидановски.