Sunday ,08 September 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Одбојка > Пораз на О.К Вардар од Шутова
Пораз на О.К Вардар од Шутова

Пораз на О.К Вардар од Шутова

Изминатиов викенд се одигра ново, десетто коло во првата одбојкарска лига. Во ова коло О.К Вардар му гостуваше на тимот на О.К Шутова. Овој натпревар домашната екипа го доби со убедливи 3-0. Нашите млади играчи на овој натпревар немаа никакви шанси да дојдат до позитивен резултат.

Ова беше шестти пораз на нашите одбојкари. Со овој пораз одбојкарите паднаа на петтата позиција на табелата, сега имаат скор од четири победи и шест порази. Лидер на табелата останува тимот на Пробиштип ВА, кој сеуште нема пораз.