Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > Интервјуа > Васе Наков: Не беше тешко да се одлучам за преселување во Вардар, бидејки овде има подобри услови за мое напредување
Васе Наков: Не беше тешко да се одлучам за преселување во Вардар, бидејки овде има подобри услови за мое напредување

Васе Наков: Не беше тешко да се одлучам за преселување во Вардар, бидејки овде има подобри услови за мое напредување

Веќе се одиграа две кола од пролетниот дел во младинската ракометна лига, а екипата на РК Вардар која е предводена од Чивлачки и Грчевски стигнаа до вториот последователен триумф во својата група. Тие во неделата одиграа натпревар против екипата на Прилеп, меч кој се одигра на Кале и заврши убедливо во наша корист (39:25). Во првото пролетно коло бевме подобри од Пелистер, на гостувањето во Битола. Ова е вкупно четврта победа во сезоната за младинците на РК Вардар кои полека фаќаат приклучок во горниот дел на табелата. На стартот на пролетниот дел, црвено-црните се засилија со Васе Наков кој дојде од екипата на Макс Струмица. Тој се покажува како одлично засилување и на изминативе два натпревари е најдобар стрелец во Вардар со двоцифрен број на постигнати голови. И на двата натпревари против Пелистер и Прилеп, Наков постигна по 10 голови.

-Бевме многу мотивирани уште од самиот почеток на натпреварот иако резултатот го отворивме лошо, но потоа со добра игра во одбрана и напад како и добрата тимска игра успеавме да го превземеме водството во наша корист. До крајот на натпреварот ја одржувавме разликата со над 10 голови и на крајот заслужено победивме со 14 голови разлика, а со тоа ја остваривме и втората победа во низа во пролетниот дел.

vardarfans-nakov

Вардар е вистинскиот избор за младиот струмичанец кој смета дека донел правилна одлука за негово преселување во најдобриот клуб.

-Се знае дека секој почеток е тежок но како што одминува времето пријателството со новите соиграчи се зголемува и така се олеснува мојата адаптација. Не беше тешко да се одлучам за преселување во Вардар, бидејки овде има подобри услови за мое напредување.

Очекувањата по завршување на регуларниот дел е Вардар да стигне до второто место кое му носи учество на завршниот турнир во младинската лига.

-Според тоа како играме се гледа дека напредуваме од натпревар во натпревар и се надевам дека ќе се најдеме  во најдобрите четири и би го освоиле првото место во лигата. Со напорна работа на тренинзите се надевам дека ке ја оствариме целта. Исто така моја желба е еден ден да се најдам во првиот тим на Вардар.

Звонко Ивановски