Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Кошарка > Кошарка! Бадел триумфираше над вардарки
Кошарка! Бадел триумфираше над вардарки

Кошарка! Бадел триумфираше над вардарки

Во саботата на програмата во првата женска кошаркатска лига беше новото, третто коло. Во истото женскиот црвено-црн колектив беше домаќин на шампионот на Република Македонија, екипата на КК Бадел 1862. Во овој дуел гостинките успеаа да ни нанесат пораз.

Сино-жолтите триумфираа со 17 поени предност, тие дојдоа до победа со резултат 73-90 по крајот на 40.минути на кошарка во малата сала “Кале“.  Бадел 1862 е лидер на табелата, тие по три одиграни кола со максимален ефект се првопласирани во женската кошаркарска лига. Нашите девојки имаат одиграно две кола во кои имат половичен успех, еден пораз и победа над ЖРК Пелистер во минатото коло.