Thursday ,18 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Куглање > Куглање! Дарко Димитровски се најде во топ-6 тимот на 5.коло во МКЛ

Куглање! Дарко Димитровски се најде во топ-6 тимот на 5.коло во МКЛ

Викендов се одигра   во Македонската кугларска лига    новото петто коло, последно од првиот круг во ова натпреварување.  Во ова коло црвено-црниот колектив беше  домаќин на екипата на КК Хераклеа од Битола. Нашите момци обезбедија нов триумф над тимот на КК Хераклеа од Битола,  со високи 7-1 и покажаа дека се најсилен кандидат за вице-првак во оваа сезона, што е и наша цел.

Ние во сетови победивме со 18-6, црвено-црните момци соборија  3324 “дрва“,  а пак битолчани далеку помалку односно 3188.   Дарко Димитровски со 571 “соборено дрво“ беше најдобар во нашите редови, апак Георг Поп-Крстев имаше втор скор, впишувајќи 564 зад своето име.  Токму Димитровки со својот настап обезбеди место во идеалнит тим на колото, односно топ-6 изборот. Дарко се најде на четвртата позиција во топ-6 со еднаков број соборени дрва како и третопласираниот Соколовски од екипата на Макпетрол.